Академија Пандев
ФК Академија Пандев е македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Од 2017 година е дел од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев е проект на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Тимот оваа сезона натпреварите ги игра на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.
Најголемиот успех на клубот во натпреварувањата е пласманот во квалификациите за Лига Европа во 2019 година преку победата во финалето од Купот на Македонија.
За клубот
Нашата приказна започнува со еден човек кој љубовта спрема фудбалот ја докажува на повеќе полиња.
Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалски репрезентативец, во 2010 реши да го врати фудбалскиот сјај во родната Струмица и започна да инвестира во идејата да создаде
фудбалска академија за младите струмичани од генерациите 1996/97.
За реализација на истата беа ангажирани професионалци кои со својот труд, упорност и посветеност веќе преку десет години жнеат успеси и резултати.
Визија и мисија
Нашата визија е да бидеме на врвот. Во нашиот клуб сите ние делиме една огромна визија: да создадеме позитивна атмосфера со тоа што ќе се позиционираме како лидери во фудбалот во нашата земја. Нашиот раст доаѓа од два главни извори: талент и квалитетни играчи.
Зошто сме најдобри?
Младите остануваат во фокусот на Академија Пандев. Досега се отворени или работат под капата на Академијата неколку фудбалски школи во повеќе градови на територијата на Р.С.М. Покрај Струмица, фудбалски школи се отворени и во Штип,
Куманово, Илинден, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Прилеп, Охрид каде во
моментот членуваат повеќе од 1500 деца од 5-17 години.
Спортскиот центар „Пандев“
Спортскиот центар „Пандев“ е спортски објект во Струмица кој сè уште е во тек на изградба. Центарот е предвиден да биде мултифункционален објект. Тој е иницијатива на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Објектот се наоѓа во непосредна близина на Спортската сала „Парк“ и стадионот „Благој Истатов“. По неговата изградба, истиот треба да служи за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.
Нашиот светски спортски центар
Покрај фудбалското игралиште, за потребите на фудбалерите, центарот, меѓу другото, во внатрешноста треба да содржи сместувачки соби, фитнес и спа-центри, но и ресторан. Идејното решение на објектот е направен според италијанските стандарди.
Стручен штаб и менаџмент
Шеф на стручен штаб | Александар Васовски |
---|---|
Асистент | Раденко Бојовиќ |
Тренер на голмани | Бојан Димковски |
Кондиционен тренер | Дарко Коцев |
Физиотерапевти | Мартин Димов и Горазд Манчев |
Економ | Боре Андонов |
Клупска историја
ФК Академија Пандев е создаден во 2010 година како академија која работи само со младинските категории, но од 2014-та формира свој прв тим и започнува да се натпреварува во сениорските лиги.
Покрај сениорскиот тим, во 2014 година клубот инвестира и во спортската инфраструктура. Истата година започнува изградбата на Спортски центар „Пандев“ во Струмица, во непосредна близина на градскиот стадион. Овој центар треба да претставува модерен мултифункционален објект за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев
Покрај напредувањето на клубот од ниските лиги кон елитната Прва Македонска лига, најголемиот успех на клубот е постигнат во сезоната 2018/19 со освојување на третото место на табелата во Прва Македонска лига и со освојување на Купот на Македонија победувајќи ги ФК Македонија Ѓорче Петров 1932, при што се отвориле вратите во Европа.
Првото дебитирање на клубот во Европа е квалификациски меч за Лига Европа е против ФК Зрињски од Мостар.
Денес ФК Академија Пандев успешно се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.
2010
Основање на клубот
2014
Основање сениорска екипа
2017
Пласман во Прва македонска лига
2019
Освојување на Купот на Македонија
Контактирајте нѐ
Сакате да не прашате нешто или да ни пратите порака? Искористете ја формата.