Еден од најдобрите млади голмани во Македонија, денеска го продолжи договорот со клубот кој истекуваше за 6 месеци. Иднината на Академија Пандев се младите играчи, а Алчевски како капитен на У-21 репрезентацијата на Македонија ќе биде еден од темелите на клубот во наредните сезони. Во следниот период клубот ќе продолжи со промовирање и ангажирање на најталентираните играчи во државата и давање шанса за докажување во сениорскиот фудбал!
Душан Јоковиќ е нов централен одбранбен играч на ФК Академија Пандев. Тој е поранешен играч на ФК Пролетер од Нови Сад , ФК Металац и поранешен репрезентативец на Србија У-21. Му посакуваме многу успех во нашиот клуб.
Се до 19-ти јуни ќе се тренира во Струмица на СЦ Пандев, од каде се заминува во Банско, Бугарија. Закажани се четири контролни натпревари, против екипите на Балкани (Косово) и бугарските прволигаши Черноморец, Левски и ЦСКА 1948.
Академија Пандев со генерација 2004/05 учестуваше на еден од најсилните балкански турнири за млади категории “Kup Prijateljstva” кој се одржува во Златибор – Србија. Нашите надежи одиграа три натпревари, нерешено без голови против ФК Сараево, минимален пораз 1-0 од Динамо Загреб, а во четвртфиналето нерешен резултат 1-1 против Црвена Ѕвезда и несреќен пораз на пенали. Иако можевме со малку повеќе среќа да постигнеме и поголем успех, сепак фудбалерите предводени од тренерот Мартин Алаѓозовски и асистенот Милан Василев, прикажаа зрелост, борбеност и рамо до рамо се носеа со своите врсници.