Турнир за младински категории

Турнир за младински категории

Изминатите три дена, кадетско-пионерската екипа на Академија Пандев предводена од тренерот Милан Василев учествува на престижниот турнир за младински категории „Фудбал френдс“ во Фоча – Босна и Херцеговина. Покрај нашата екипа која е единствен претставник од Македонија, на турнирот учествуваат и екипите на Црвена Ѕвезда, Ријека, Борац Бања Лука, Сутјеска Никшиќ, Железничар, Сараево, Војводина и Сутјеска Фоча. Нашите фудбалери започнаа со убедлива победа од 4-1 против Сутјеска Никшич, а вчера во еден прекрасен натпревар во полуфиналето ја победија Ријека од Хрватска со 2-1. Вечерва го играме големото финале против тимот на Борац Бања Лука со почеток во 20 часот. Фудбалскиот талент, тимскиот дух и храброста се одлика на оваа генерација, а вечерва сме сигурни дека момците ќе го дадат максимумот и на крај ќе ја осварат целта која си ја зададоа – освојување на првото место!

Среќно момци!

Продажбата на билети за реванш натпреварот од УЕФА Конференциска Лига

Продажбата на билети за реванш натпреварот од УЕФА Конференциска Лига

Од денес започнува продажбата на билети за реванш натпреварот од УЕФА Конференциска Лига помеѓу екипите на Академија Пандев и Лехија Гданск од Полска.

Натпреварот се игра во четврток (14.07.2022) на тренинг центарот на ФФМ – Петар Милошевски во Скопје, со почеток во 17.00 часот.

Продажбата ќе се одвива на следните продажни места:

Скопје:

ЛитератураМК Super Store – City Mall

ЛитератураМК – ТЦ Буњаковец

ЛитератураМК – Веро Центар

ЛитератураМК – улица Македонија

ЛитератураМК – ГТЦ приземје

ЛитератураМК – Ramstore Mall

ЛиератураМК – East Gate

Југотон – ГТЦ 1

ЈК Травел – ТЦ Бисер

Макпетрол Илинденска

Макпетрол Козле

Макпетрол Влае

Велес: Унисон

Прилеп: ТА Бран

Куманово: Тобако Агора (ТЦ Гарнизон, Куманово)

Тетово:

Тобако Монако

Гранд Тобако

Гостивар: Тобако Вона Пет (кај судот)

Tobacco BnB

Охрид: ТА Вис Пој

Битола: ЛитератураМК,

Вагабонт Тобако

Радовиш: Халкидики Травел

Струмица: ТА Сафари

ЛитератураМК

Цената на влезницата е 200 денари, а за влез на стадионот покрај влезницата ќе биде потребен и документ за идентификација.

Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони?

Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони?

Академија Пандев за точно четири денови по втор пат во својата 12-годишна историја ќе настапува во квалификациски меч од европските клубски натпреварувања. Ние сме целосно фокусирани за што подобра презентација на македонскиот фудбал против еден многу силен и сериозен противник, полскиот тим Легија Гданск. Клубот е сто проценти насочен кон исполнување на нашите идеи и визија, па секоја информација што е надвор од нашиот европски настап, изјавуваме дека е неофицијална и не е вредна за коментар.

ФК Академија Пандев АД Струмица