Изминатите три дена, кадетско-пионерската екипа на Академија Пандев предводена од тренерот Милан Василев учествува на престижниот турнир за младински категории „Фудбал френдс“ во Фоча – Босна и Херцеговина. Покрај нашата екипа која е единствен претставник од Македонија, на турнирот учествуваат и екипите на Црвена Ѕвезда, Ријека, Борац Бања Лука, Сутјеска Никшиќ, Железничар, Сараево, Војводина и Сутјеска Фоча. Нашите фудбалери започнаа со убедлива победа од 4-1 против Сутјеска Никшич, а вчера во еден прекрасен натпревар во полуфиналето ја победија Ријека од Хрватска со 2-1. Вечерва го играме големото финале против тимот на Борац Бања Лука со почеток во 20 часот. Фудбалскиот талент, тимскиот дух и храброста се одлика на оваа генерација, а вечерва сме сигурни дека момците ќе го дадат максимумот и на крај ќе ја осварат целта која си ја зададоа – освојување на првото место!

Среќно момци!