+389 75 291-098 ; +389 34 612-955 [email protected]

Полека се приближуваме до крајот на оваа фудбалска сезона од која ни преостануваат уште два натпревари. Изминува сезона во која имавме и добри и лоши резултати, турбуленции во формата, промени во тимот, но сето тоа е составен дел од фудбалот. Целта која управата со стручниот штаб и играчите си ја поставија пред почетокот на сезоната беше – излез во европските купови. Академија Пандев е моментално на втората позиција на табелата и со евентуална победа на наредниот натпревар против Работнички и теоретски обезбедува европско лето. „Битките за Европа“ и најинтересните натпревари како да се чувале за крај.Сакаме на сите наши симпатизери и фанови да им се заблагодариме за поддршката која ни ја даваат преку цела сезона и голем дел од заслугата за добрите резултати е нивна. Ве повикуваме за последен пат оваа сезона на домашен терен, на градскиот стадион во Струмица, во НЕДЕЛА со почеток во 17 часот, да дојдете и да ни дадете мотив плус за победа на овој важен натпревар и на крај заедно да славиме и испишеме нова клубска историја.