Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите 5 натпревари од 22.коло кои беа на програмата да се одиграат денес и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот. Што значи денешниот натпревар Академија Пандев – Борец на кој ние бевме домаќини се презакажува за среда.