Вечерва се одржа манифестацијата за доделување на награди на најдобри спортисти и спортски екипи за 2021 година организирана од страна на Општина Струмица. ФК Академија Пандев заедно со индивидуалните награди на членовите на клубот освои четири награди:

– Томислав Илиев – второ место најдобар спортист во сениорска конкуренција
– ФК Академија Пандев – второ место најдобра сениорска екипа
– Милан Василев – второ место најдобар тренер во младински категории
– ФК Академија Пандев помлади пионери (генерација 2005) – трето место најдобра екипа во млади категории

Честитки до сите во клубот кои допринеле со своето знаење и труд во освојувањето на овие награди, а напорно ќе работиме 2022-ра година да ни биде поуспешна од минатата.