Иако беше член на клубот само една полусезона, Мартин остави голема трага и статистика која ќе биде голем предизвик за сите сегашни и идни фудбалери во Академија Пандев. Интересот за најдобриот стрелец во ПМФЛ беше голем, сепак единствен тим кој достави конкретна понуда беше ТСЦ Бачка Топола, а таа понуда се совпадна и со желбата на фудбалерот да оди чекор напред во кариерата. Минче ти благодариме за се што постигна за нашиот клуб за толку краток период, продолжи со исто темпо и во новата средина!