+389 75 291-098 ; +389 34 612-955 [email protected]

Иако изминатите месец дена беа динамични со промените во сениорскиот тим, сепак паралелно се работи и на подигање на квалитетот на младинската школа на уште поголемо ниво. За таа цел во наредниот период организацијата во младинската школа ќе ја има Борче Постолов, кој во изминатите 10 години со фудбалската школа Академија Постолов-Пандев која е филијала на Академија Пандев во Штип, постигна одлични резултати.