23-годишниот играч за врска одлучи да ја прифати понудата на раководството на клубот за продолжување на актуелниот договор кој истекуваше на лето за уште две години. Ние сме посебно среќни што дете од младинската школа кое е со нас уште од првиот ден од формирањето на клубот израсна во фудбалер кој е еден од носителите на сениорскиот тим.