Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски. Со среќа Шефе и ти посакуваме големи успеси!