22-годишниот играч последно има настапувано за екипата на Спортинг Лисабон, Португалија и ги има поминато сите младински репрезентативни селекции на Македонија. Митровски игра на позициите крило и офанзивен везен играч. Освен Спортинг Лисабон, претходно има настапувано и за екипите на Ханза Рошток, Магдебург и Работнички. Добредојде Димитар и ти посакуваме одлични настапи во дресот на Академија Пандев!