+389 75 291-098 ; +389 34 612-955 [email protected]

Денес на СЦ „Пандев“ сениорскиот тим на Академија Пандев ги започна зимските подготовки. Се одработи воведен тренинг, а од утре екипата продолжува со по две тренажни единици. Првата фаза од припремите ќе се одржи во Струмица, а на 20-ти јануари се заминува на дванаесетдневни припреми во Анталија, Турција. Планирани се шест контролни натпревари. До пополнување на испразнетото тренерско место, тимот ќе биде предворен од тренерот Ѓорге Стојчев.