Академија Пандев по лошиот период пролетва конечно врза два добри резултати. Откако во минатото коло славевме над Скопје, денес одигравме реми против новиот шампион Шкендија иако имавме негатива од 0-2.
Тренерот на нашата екипа, Југослав Тренчовски по мечот имаше само пофалби за играчите, но и комплименти кон тимот од Тетово.
„Освоивме драгоцен бод во натпревар против новиот шампион Шкендија, според мене убедливо најдобриот тим во првенството. Ритамот на натпреварти недела-среда си го створи своето. Се обидуваме со ротација во тимот да останеме свежи и делумно успеваме. Што се однесува до второто полувреме денес, сакам да истакнам дека одигравме на се или нишот, по цена и да примиме трет гол. Честитки до моите играчи кои во овие тешки психолошки моменти за тимот најдоа сили да се вратат против Шкендија после 0-2“, изјави Тренчовски.