Академија Пандев денес во рамки на 28. коло од ПМФЛ на домашен терен во Турново ќе ја пречека екипата на Шкупи.

Иако пролетва резултатит не се на наша страна, сепак во екипата владее задоволителна работна атмосфера, па како фудбалерите, така и стручниот штаб верува дека ќе пристигне и првата пролетна радост.

Во последниот меѓусебен дуел со тимот од Чари, Академија Пандев загуби со резултат од 5-2.

Денешниот меч на „Кукуш“ кој започнува од 16:00 часот ќе го суди Фатон Мустафи од Тетово, а нему ќе му помагаат Небојша Ѓорѓијевски од Брвеница и  Дарко Јовчевски од Тетово.