Академија Пандев денеска одигра првенствен натпревар во рамките на 26. коло, со актуелниот шампион во првенството, против Вардар, против кого одиграа само 1:1.

Во првиот дел мрежите мируваа, но затоа возбудувањата дојдоа во вторите 45 минути.

Први до водство доаѓа нашата екипа преку Чешмеџиев во 50. минута, но радоста траеше кратко.

Само три минути подоцна, Вардар успева да изедначи на 1:1 преку Максимов, резултат кој беше актуелен до самиот крај, па бодовите беа поделени.

По ова 26. коло, Вардар останува далеку зад Шкендија со -18, додека ние сме на 5. позиција со 31 бод, еден во негатива зад Работнички, и +2 во однос на Шкупи кој е позиција подолу од нас.