По поразот од Шкендија во Тетово последното коло од ПМФЛ, денеска следува нов предизвик за нашите фудбалери.

Денеска во рамките на 22. првенствено коло, Академија Пандев на домашен терен во Струмица, ја пречекува екипата на Ренова, која е позиција зад нас, со 5 бодови заостанување.

Ова ќе биде одлична шанса денеска да се ревитализираме од претходниот пораз и да се искачиме некоја позиција напред на табелата со евентуална победа.

Академија Пандев по 21. коло има 26 бодови, а пред нас уште се Шкупи на 5. позиција со 27 бодови, како и Работнички со идентичен број бодови.

Горе на врвот следуваат Силекс како третопласиран со 32, Вардар како втор со 42 и недостижната Шкендија со вкупно 56 бодови.

Натпреварот денеска почнува од 14 часот.