Академија Пандев и идната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.
По лошиот период, нашиот тим ја оствари третата победа во последните пет кола и сега има недостижни десет бода предност на три кола пред крајот на сезоната. Денеска го победивме Пелистер во Битола со 3-1.
Миловановиќ го отвори резултатот во четвртата минута, израмни Трифуновски од пенал, но во второто полувреме Академија Пандев доминираше и дојде до победата. Прво Чешмеџиев го доведе нашиот тим во водство од 2-1, а потоа Балдовалиев од пенал во 87. минута ги постави конечните 3-1.
Со тоа барем делумно му се одмаздивме на Пелистер за елиминацијата во полуфиналето од Купот на Македонија, но поважно од се, обезбедивме опстанок во Првата лига.