Како последица на осумте натпревари во низа без пораз во домашното првенство, досегашниот тренер на Академија Пандев, Панче Стојанов денеска поднесе неотповиклива оставка на својата функција.
Раководството ја прифати, но Стојанов останува да работи во Академија Пандев поради своите заслуги во подигнувањето на клубот. Тој е кај нас уште од четвртата лига, го однесе тимот во елитата и веќе обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија. Поради тоа Стојанов во иднина ќе биде координатор на младинските категории во Академија Пандев.
Во следните 2-3 кола екипата ќе ја води Југослав Тренчовски кој има тренерска Про лиценца. Клубот е во потрага по перманентно решение кој треба да го врати тимот на победничките патеки.