Денеска продолжуваат натпреварите од домашното првенство, во рамките на 25. коло.

Академија Пандев како четвртопласирана екипа со 29 бодови, денеска гостува во Скопје на арената „Филип Втори“ кај Работнички, кој е две позиции поназад од нас, со бод помалку.

Натпреварот со Работнички од првата полусезона кое го одигравме на домашен терен, заврши со резултат 1:1.

Нашиот состав на денешното гостување иако некомплетен, ќе се обиде да одигра за поволен резултат.

За натпреварот со Работнички, тренерот на Академија Пандев, нема да може да смета на Сашко Пандев, кој е подолго повреден, Ганчев кој се повреди пред 4 дена и на повредениот Јани Атанасов, кој заработи повреда при настапот во квалификациите со младинската репрезентација на Македонија.