Екипата на Академија Пандев денеска го игра својот натпревар на гостински терен против Победа. Поради реконструкција на стадионот во Прилеп, натпреварот ќе се одигра на СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
На клупата на Академија Пандев ќе дебитира Југослав Тренчовски, досегашниот спортски директор на клубот, кој ја презеде одговорноста да го предводи тимот до крајот на сезоната по отказот на Панче Стојанов.
Тренчовски се надева дека мечот со Победа ќе биде пресвртница на сезоната за неговиот тим и ќе се обиде да ја донесе првата победа за својот тим по цели осум кола. Последниот триумф на Академија Пандев беше на 16. ноември минатата година против екипата на Пелистер во Битола.
„Одиме да се надигруваме со Победа, императив ни е освојување на бодови. Ние ќе се обидеме да се спротиставиме на позитивната транзиција на противникот, особено на играчите Даноски, Ивановиќ и Трајкоски, но секако ќе се обидеме и да го загрозиме противникот во фазата на нашиот постапен панад. Не очекува тежок натпревар, но ова би сакал да биде натпревар за пресвртница во Академија Пандев“, изјави Тренчовски.
За овој натпревар Академија Пандев нема да може да смета на дури петмина фудбалери. Чешмеџиев и Стоилов ќе отсуствуваат поради картони, додека Дориев, Миловановиќ и Велиновски поради повреди.
Натпреварот помеѓу Победа и Академија Пандев се игра од 14:00 часот.