Конечно, Академија Пандев ја запиша првата победа пролетва во ПМФЛ откако по пауза од 14. кола славеше над Скопје, и тоа на гостински терен во Кичево со резултат од 0-2.
Мечот од 29. коло се одигра во Кичево поради суспензија на стадионот на Скопје. Средбата во првото полувреме помина доста анемично, но затоа во вториот дел малубројната публика имаше што да види.
Вторите 45.минути почнаа динамично, па нашиот тим во 57. минута поведе со 0-1 по голот на Љупчо Дориев кој како замена влезе во игра на местото на Глигор Дончев во 39. минута.
Искусниот Зоран Балдовалиев во 66. минута го постигна и вториот денешен погодок за Академија Пандев со што ја потврди победата со резултат од 0-2.
Академија Пандев сега со новите три, има 35 бода и се наоѓа на 5. место на табелата во ПМФЛ.