Екипата на Академија Пандев и натаму е без победа во пролетниот дел од сезоната, но четврто коло по ред одигра нерешено.

Можеби можевме да ја прекинеме лошата серија, но против Работнички и 1-1 е одличен резултат. Трет натпревар против “романтичарите” оваа сезона не сме поразени.

Имавме водство до 70. минута благодарение на голот на Атанаскоски. Израмни Шаркоски иако можевме во меѓувреме и да ја зголемиме нашата предност.

Без разлика на денешниот натпревар, Академија Пандев е максимално фокусирана на она што следува. За десетина дена ни претстои најважниот натпревар во сезоната, реваншот од полуфиналето на Купот на Македонија против Пелистер на домашен терен.