Академија Пандев денеска одигра меч од 32. коло во ПМФЛ, на домашен терен против екипата на Победа од Прилеп.
Нашата екипа триумфираше минимално но заслужено, со раниот гол уште во 2. минута на Зоран Балдовалиев, кој подоцна беше доволен за триумф и три бода.
Со оваа победа, Академија Пандев се искачи една позиција напред на табелата и сега има 39 бодови по 32. првенствени кола (6 позиција), благодарение на нерешениот исход на Шкупи денеска, кој против третопласираниот Силекс одигра само 1:1.