Нашата екипа испиша историја и успеа да се пласира меѓу четирите најдобри екипи во Купот на Македонија, а на денешната ждрепка го добивме и нашиот противник во полуфиналето, против кој ќе разигруваме и за уште еден чекор понапред, а тоа е големото финале и шанса за борба за трофејот.
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше извршена ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија. Покрај Академија Пандев, тука се најдоа и екипите на Пелистер, Ренова и актуелниот бранител на трофејот Шкендија.
Ждрепката посака во полуфиналето да се соочиме со екипата на Пелистер, а првиот натпревар се игра на 14. март, додека реваншот е закажан за 11. април.
Доколку успееме да направиме уште еден голем подвиг, тогаш финалниот натпревар би го играле на 9. мај.