+389 75 291-098 ; +389 34 612-955 [email protected]

Фудбалерите на Академијап Пандев денеска со пораз се враќаат од гостувањето во Кичево кај Ренова, на ова гостување во рамките на 31. коло нашата екипа е поразена со 2:1.

Во првиот дел мрежите мируваа на двете страни, а головите дојдоа во подоцнежниот дел од второто полувреме.

Први поведуваа на натпреварот домаќините преку Мишковски во 69. минута за 1:0. Само 6 минути подоцна Нафиу стрела за двојна предност на домаќините, а Миловановиќ во 85. минута успеа да го ублажи нашиот пораз на ова гостување против „гипсарите“.

По 31. коло, Академија Пандев котира на 7. позиција на табелата со 36. бодови.