Трет пораз за Академија Пандев на подготовките во Анталија. Натпреварот против Младост Лучани беше рамноправен, но во 80. минута Киковиќ постигна гол за победа.

Академија Пандев настапи во следниот состав:
Вујанац, Марков, Вареловски, Димов, Чешмеџиев, Ганчев, Стоилов, Михаилов, Скендери, Грифони, Крстовски.

Во второто полувреме влегоа уште: Делевски, Николов и Денковски.

Следен противник на подготовките ќе ни биде Сумкајт од Азербејџан, а натпреварот се игра на 28 јануари.