Екипата на Академија Пандев доживеа пораз и на вториот контролен натпревар во Анталија. Нашиот тим поведе со 1:0 во 17. минута од мечот преку Балдовалиев по асистенција на Мишов.
Краковија израмни во 31. минута преку Пјатек и со 1:1 се замина на полувреме. Во вториот дел, Краковија постигна уште три гола преку Строзик во 47 и 68 минута, а конечните 4:1 ги постави Чулина во 85. минута.
Академија Пандев настапи во овој состав: Истатов, Илиев, Атанаскоски, Димов, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, С. Пандев (капитен), Мишов, Балдовалиев, Велиновски.
Во второто полувреме влегоа уште Скендери (на местото на Мишов) и младиот голман Алчевски (на местото на Истатов).