Академија Пандев ја прекина серијата порази на подготовките во Анталија и одигра нерешено против азербејџанскиот Сумкајит (1-1).
Конечниот резултат беше поставен во првото полувреме кога за нашиот тим погоди Мишов, а за Сумкајит – Хусеинов. Во продолжение имавме неколку шанси за победа, но не ги искористивме.
Академија Пандев настапи во следниот состав: Истатов – Атанасковски, Вареловски, Илиев, Чешмеџиев – Стоилов, Охеда, Грифони, Иванов – Марков, Мишов.