Дури шест играчи на нашиот сениорски тим отсуствуваат од тренажниот процес на тимот. Имено сите шест играчи се со обврски кон националните селекции на Македонија. Марио Крстовски, Ване Јованов и Даниел Миловановиќ се со У-21 тимот по повикот на селекторот Добринко Илиевски. Зоран Ивановски е со У-19 тимот, а списокот го комплетираат Марко Алчевски и Иван Николов кои се со репрезентативни обврски во У-18 селекцијата, предводена од Горан Станиќ.
ФК Академија Пандев им посакува успешни настапи на своите членови и на репрезентативни селекции.