Стојанчо Велинов е најновото засилување за Академија Пандев.
Крилниот офанзивец денеска, заедно со Кристијан Стојкоски и повратникот Александар Мишов го одработија воведниот тренинг од зимските подготовки.
29-годишниот Велинов претходно во својата кариера има настапувано за тимовите на Брегалница, Ренова, Работнички, Силекс и косовска Трепча.