Нашиот фудбалер Стефан Костов, се приклучува во редовниот тренажен процес. Имено, Костов се здоби со незгодна повреда на бутниот мускул на натпреварот со ФК Шкупи. Неговото отсуство како и отсуството на искусниот Ванче Шиков и те како се почуствува во одбраната на нашиот тим. Како и да е паузата во првенството ќе биде добредојдена за враќање во натпреварувачки ритам за повредените играчи.