Во рамките на 30. коло од домашното првенство, Академија Пандев го пречекува составот на новокрунисаниот шампион во домашното првенство, ФК Шкендија.
Откако претходното коло, со победата против Шкупи со 2:0, Шкендија ја обезбеди првата титула во македонското првенство, денеска гостуваат во Струмица.
Академија Пандев по 29. кола е 7. пласирана екипа на табелата со 35 бодови, па со евентуална победа ќе ја надминеме екипата на Ренова на табелата која има 37. бодови.