Академија Пандев против Работнички за излез во Европа!

Екипата на Академија Пандев е во ситуација да се бори за излез во Европа следната сезона. По двете победи во низа кои ги забележа нашиот тим, ни овозможи да дојдеме до петтото место на табелата.

Во моментов, нашиот тим е три бода зад Работнички кој е на четвртото место, кое гарантира место во квалификациите за Лигата на Европа.

Токму Работнички ќе биде нашиот денешен противник во рамките на 34. коло од ПМФЛ, па ова ќе биде директна битка за излез во Европа.

Во досегашните дуели сезонава, двата тима одиграа неизвесни натпревари и покажаа желба за надигрување, а единствената победа ни припадна токму нам, кога славевме на гостувањето во Скопје. Останатите два натпревари завршија со идентичен резултат 1:1.

Натпреварот помеѓу Академија Пандев и Работнички се игра денеска со почеток од 16:30 часот.