Академија Пандев со три претставника на обуката за напреден спортски менаџмент и спортска администрација

 

Денеска во домот на АРМ се одржа обука за напреден спортски менаџмент и спортската администрација на Олимписките спортски организации во општина Струмица. Обуката ја водеа Даниел Димевски, советник за спорт на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Сашо Поповски, генерален секретар на Македонскиот олимписки комитет.

ФК Академија Пандев со три претставника беше дел од обуката на која се презентираше новиот систем на финансирање во спортот или т.н. ваучерски систем, своја презентација имаше и  Д-р Илија Стоилов на тема „Допингот во спортот“, како и обука за стратешки менаџмент и организација односно финансиски менаџмент и маркетинг на спортски организации.

Благодарност за поканата и пофалби до организацијата, а ние како клуб се надеваме дека во иднина ваквите настани ќе бидат се почести и ќе се дискутира за конкретни идеи како спортот да го подигнеме на едно повисоко ниво.