Чешмеџиев исклучен, Работнички ја однесе победата – Академија Пандев прокоцка шанса за Лига Европа

Академија Пандев денеска на стадионот „Кукуш“ во Турново имаше голема шанса со евентуална победа против Работнички да им се доближи на табелата и да се борат за излез во Европа.

Натпреварот беше прилично блед од двете страни, а нашиот состав од 62. минута остана со играч помалку на терен, поради исклучувањето на Чешмеџиев со два жолти картони.

Победата за гостите ја донесе Чинеду во самиот финиш од средбата во 87. минута.

Со оваа победа Работнички сега е третопласиран пред Силекс, додека ние паднавме на 6. позиција, но за жал ги загубивме шансите за квалификации во Лига Европа.