Четврти пораз за Академија Пандев на подготовките во Анталија

Екипата на Академија Пандев го одигра својот петти натпревар на подготовките во Анталија, кој го загубивме со 3:0 од екипата на косовска Приштина.

Тимот од Косово беше подобриот противник на денешниот натпревар и со 3:0 (1:0) ни го нанесе четвртиот пораз на петтиот натпревар на подготовките во Анталија.

Академија Пандев настапи во состав: Вујанац, Атанаскоски, Димов, Илиев, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев, Грифони, Марков, Крстовски, а во игра влегоа уште и Дончев, Ганчев, Скендери, Велиновски и Николов.

Приштина беше петтиот противник на нашиот тим на овие подготовки, а претходно одигравме со Јенисеј, Краковија, Младост Лучани и Сумкајт. Забележавме четири порази и само едно реми, она против азербејџански Сумкајт.