(ФОТОГАЛЕРИЈА) Атрактивен меч, голем број голови, но за жал пораз на Академија Пандев

Академија Пандев денеска гостуваше кај екипата на Шкупи во рамките на 19. коло во Првата македонска фудбалска лига и забележа убедлив пораз од 5:2. Резултатот не ја отсликува реалноста, бидејќи нашиот тим воопшто не беше толку инфериорен во однос на противникот, кој максимално ги искористи шансите во првиот дел од првото полувреме, а во голем дел до мечот, нашиот тим беше и подобар противник, но не успеавме да го материјализираме сето тоа.

На крајот, во мошне интересен и атрактивен меч, исполнет со дури седум голови, Академија Пандев мораше да го признае поразот од екипата на Шкупи.