ФК Академија Пандев со полн плен на гостувањето против Шкендија

Со голот на Марио Крстовски во 26 минута од натпреварот, ФК Академија Пандев беше поуспешна од првопласираната Шкендија. Голот на Крстовски беше доволен за Струмичани да заминат со три бодови, од тешкото гостување во Тетово. По првите 45 минути со храбра и претпазлива игра фудбалерите на Југослав Тренчовски, успеаа да го задржат водството и да издвојуват значајна победа. Со оваа победа ФК Академија Пандев по 17 коло од ПМФЛ, останува на третото место на табелата со освоени 29 бодови.

Веќе во недела во Турново на домашен терен Пандевци го пречекуваат второпласираниот Вардар, а по само три денови и реванш натпреварот со екипата на Кораб. Во првиот натпревар со Кораб, Академија Пандев издвојуваше победа од 3:1.