ФК Академија Пандев АД со два предлога за крај на ПМФЛ

Предлог епилог на ПМФЛ за сезона 2019/20

 

Светската пандемија настаната од Covid 19 се одрази во сите сфери на современото живеење, фудбалот, спортот воопшто. Денеска со цел да се изнајде решение за ПМФЛ претставниците на сите прволигаши беа повикани на состанок со раководните лица на ФФМ. На состанокот 50% од клубовите се изјаснија за продолжување на сезоната, односно Академија Пандев, Шкендија, Борец, Шкупи и Работнички, како и Вардар кои се согласни да играат доколку мора да се доигра за да се прогласи шампион. Без разлика што дискутираме за многу суштествено прашање, кое нормално од одредени субјекти ќе биде позитивно или негативно прифатено, ФК Академија Пандев АД – Струмица како член на ПМФЛ по повод актуелната ситуација и појавата на пандемијта предизвикана од Корона вирусот, ги дава следните два предлози како епилог за натпреварите во ПМФЛ и Националниот Куп.

 

 

Предлог број 1

 

  1. Регуларна завршница и одигрување на сите предвидени натпревари во ПМФЛ

1(а) – Прогласување на шампион, учесници во Евро Купови и испаѓање според постигнатиот пласман.

(Старт на доигрувањето на 7 јуни, завршување на првенството 26 Јули. Вкупно за натпреварување 8 недели, ако се игра со распоред недела-среда, можно е да се одиграат 16 натпревари. Бидејќи има за одигрување има 13 првенствени кола, тогаш останува простор и за одигрување на полуфиналните и финалната средба од националниот куп)

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО 5 ИЗМЕНИ (ВО ТРИ ПРЕКИНИ)

1(б)– Доколку не се доигра националниот куп, предлагаме да еден од 4те полуфиналисти биде претставник во Евро Куповите според постигнатиот успех ( пример ако Шкендија излегува на европска сцена преку пласманот од табелата, еден од трите преостанати полуфиналисти да излезе во евро куповите според постигнатиот успех во ПМФЛ, тоа значи ФК Струга Трим Љум или ФК Академија Пандев АД, бидејќи ФК Брегалница се натпреварува во ВМФЛ и неможе во тековната сезона да постигне подобар пласман од претходно спомнатите клубови)

1(в)– Недостатоци: Сите се водиме по изреката здравјето пред се. Овде проблем ќе биде целосната контрола на  здраствената состојба на фудбалерите поради згуснатиот распоред, временските услови и високата температура, секако недостаток на стадиони на кои може да се одиграат натпреварите во ноќни термини. Финансиска немоќ и немање услови на фудбалските клубови да извршат целосна регенерација на спортистите(немање услови за крио-терапија,крио комори, норматеци, суплементација итн). Но како и да е и во ваква тешка состојба наш став е да се следат препораките од надлежните институции, како и препораките на УЕФА, која бара доигрување на националните првенства и добивање на финалната завршница на спортските терени, доколку државните органи го дозволуваат тоа.

 

Предлог број 2

 2. ПРЕКИН НА ПРВЕНСТВОТО

 

2(а)– Прогласување на шампион, излез на првите 4 екипи според моменталниот пласман на табелата од ПМФЛ во Евро Куповите

2(б)– Нема испаѓање од ПМФЛ

2(в)– Бидејќи моменталната разлика на табелата во ПМФЛ помеѓу тимовите кои излегуваат во Евро Куповите и оние кои испаѓаат е 1 бод , упатуваме предлог до ФФМ да средствата кои ќе ги добијат како помош од УЕФА во висина од околу 4.3 милиони евра (имаме информации дека одреден процент (30-50%) од тие средства ФФМ може да ги подели како помош на фудбалските клубови-своите членки) бидат поделени на 6-те клуба кои не излегуваат во Европа и тоа во висина од 150.000 евра по клуб, бидејќи останатите 4-ри клуба ќе добијат средства од самиот излез во Евро Куповите. Од тие 4.3 милиони евра ќе има одреден буџет и за сите 20 екипи во двете втори лиги.

2(г)– Прекин последователно и на националниот куп.

ФК Академија Пандев е против било каква одлука за менување на форматот на лигата во оваа натпреварувачка сезона.