Убедлива победа на првиот контролен натпревар

Сениорскиот тим на Академија Пандев денеска го одигра својот прв контролен натпревар од подготовките за пролетниот дел од ПМФЛ. За противник ја имавме екипата на Беласица Петрич (Бугарија), против која забележавме убедлива победа од 5-0, полувреме 3-0. Одлична игра на сите фудбалери кои настапија на денешниот натпревар. Тренерот Југослав Тренчовски се реши да настапи со две резлични екипи во двете полувремиња.

Прво полувреме настапија следните играчи: Чубраковиќ (Денковски), Маневски, Јованов, Стојчевски, Костов, Стоилов, Стојкоски, Велинов, Дориев, Миловановиќ, Пандев(кап).

Второ полувреме: Денковски (Алчевски), Илиев, Атанаскоски, Иванов Кристијан, Димов, Томовски (Донов), Темелков (Коцев), Стојков (кап), Иванов Васко (Николов), Ивановски, Крстовски.

Деби гол за Академија Пандев постигна засилувањето Стојанчо Велинов, два гола постигна Дориев, по еден Донов Илија и Крстовски Марио.

Правдата на натпреварот ја делеше судиската тројка: Марјан Гоцевски, Ѓорги Станковски и Сашко Ристов.

Вториот контролен меч е закажан за среда повторно на теренот „Филип Лазаревски“ во Струмица, каде за противник ќе ја имаме екипата на Струмска Слава (Бугарија).