Стефан Костов се враќа во редовен тренажен процес после повредата

Нашиот фудбалер Стефан Костов, се приклучува во редовниот тренажен процес. Имено, Костов се здоби со незгодна повреда на бутниот мускул на натпреварот со ФК Шкупи. Неговото отсуство како и отсуството на искусниот Ванче Шиков и те како се почуствува во одбраната на нашиот тим. Како и да е паузата во првенството ќе биде добредојдена за враќање во натпреварувачки ритам за повредените играчи.