Сениорите пристигнаа во Анталија

 

Сениорскиот тим на Академија Пандев пристигна во Анталија, Турција, каде од денес па се до шести февруари ќе го одбработи главниот дел од припремите за пролетниот дел од ПМФЛ.

Поради лошите временски услови, тренингот денеска се одвиваше на затворено, во сала. Веќе за утре е закажан и првиот контролен натпревар против екипата на ЦСКА Москва У21 во 15.30 часот на Лара терените во Анталија.