Сениорите ги започнаа подготовките за пролетната полусезона

По вчерашните задолжителни лекарски прегледи, од денеска сениорскиот тим ги започна зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот.

Поради обилните врнежи од снег, воведните неколку тренинзи ќе се одвиваат во спортската сала „Парк“ во Струмица. Првиот дел од подготовките ќе се одработи во Струмица каде ќе се одиграат и два контролни натпревари против екипите на Петрич и Струмска Слава, додека во вториот дел тимот заминува за Анталија каде се планирани и пет пријателски натпревари.

Старот на првенството е закажан за 17 февруари, во прво коло го пречекуваме тимот на Македонија ЃП.