Реми против Вардар за крај на есенската полусезона

Со реми без голови заврши денешниот дерби натпревар помеѓу екипите на Академија Пандев и Вардар, кој се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Самата важност на натпреварот доведе до претпазлива игра на двата тима кои повеќе беа ориентирани кон исполнување на дефанзивните тактички задачи зададени од тренерите. Неколкуте шанси за гол и на двете страни беа недоволни за успешна реализација и отварање на резлутатот.

Овој натпревар беше последен од есенската полусезона за двете екипи во ПМФЛ. По 18 одиграни кола, Академија Пандев останува на третата позиција со 30 бода, пет помалку од второпласираниот Вардар, а четири повеќе од четвртопласираниот Работнички.

На Академија Пандев и преостанува уште еден натпрвар од оваа календарска година, тоа е реваш натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија против екипата на Кораби. Натпреварот се игра во среда, со почеток од 13 часот во Дебар. За потсетување Академија Пандев првиот натпревар го доби со резултат 3-1.