Реми за крај на подготовките

Академија Пандев го одигра последниот натпревар на подготовките во Анталија. Противник беше корејскиот тим Даежон Ситизенс, а дуелот заврши без победник – 2:2

По првото полувреме водевме со 1:0 со голот на Димов, а стрелец на вториот погодок беше Велиновски. Академија Пандев играше во следниот состав: Вујанац, Атанаскоски, Димов, Илиев, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев, Грифони, Миловановиќ, Балдовалиев.

Во второто полувреме влегоа уште: Скендери, Марков, Велиновски, Дончев, Николов и Ганчев.

Утре експедицијата на нашиот клуб се враќа во Македонија во очекување на продолжението од Првата македонска фудбалска лига. Имамe десетина дена да се подготвиме за првиот противник Шкупи, а натпреварот се игра на Чаир.