Разочарувањето во Купот боли, но треба да се доигра првенството

Академија Пандев е единствената екипа во Првата македонска фудбалска лига без победа во пролетниот дел од сезоната.

Во последните пет кола остваривме исто толку нерешени резултати, но нашите навивачи чекаат триумф уште од 16 ноември. Наш денешен противник е Силекс од кого претрпевме два минимални пораза во досегашниот дел од првенството.

Тренерот Југослав Тренчовски и понатаму се соочува со играчките проблеми кои задаваат главоболки уште од почетокот на втората полусезона. Сепак, неопходен е триумф на гостувањето во Кратово бидејќи со оглед на последните резултати на ривалите, ниту опстанокот во Лигата не е обезбеден.

Натпреварот меѓу Силекс и Академија Пандев се игра денеска од 15 асот. Главен судија ќе биде Александар Ставрев.