Пораз на првиот натпревар во Анталија

Академија Пандев претрпе пораз од 0-1 во првиот меч од подготовките во Анталија. Подобар од нашиот тим беше рускиот Јенисеј кој искористи една шанса преку Малојан во 45. минута и дојде до победата

Академија Пандев имаше 4-5 шанси преку Балдовалиев и Чешмеџиев во првото полувреме и Крстовски во второто. Јани Атанасов во вториот дел од слободен удар ја погоди стативата.

Следен противник на подготовките во Анталија е Краковија на 24 јануари.

Академија Пандев истрча во овој состав: Истатов, Вареловски, Дончев, Димов, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев С. (капитен), Марков, Балдовалиев, Велиновски.

Во второто полувреме во игра влегоа уште: Дориев, Михаилов, Алчевски и Денковски.

Академија Пандев – Јенисеј 0-1
Стрелец: Артур Малојан 45′