Пораз во Тетово, но победата ќе се бара на „зелена маса“

Нашата екипа, со пораз се враќа од Тетово против лидерот Шкендија (1-0), но трите бода ќе ги бараме на „зелена маса“.

Имено, во 21. минута Фазлагиќ заработи црвен картон, а домаќините играа цели 16 минути на теренот без младинец, се до 36. минута кога во игра влезе Шефити на местот на Адили.

Правилата се јасни, во првиот дел екипата мора постојано да има најмалку еден младинец на терен, што во случајот нашиот денешен противник го немаше. Доколку се почитуваат правилниците и прописите на ФФМ, во што искрено веруваме, тогаш бодовите треба да ни припаднат нам. Може да потврдиме дека и официјално ќе поднесеме жалба по повод овој случај.

Што се однесува до самиот меч, истиот се одигра по доста тешки временски услови поради снегот. Притоа судијата Јакимовски досуди два дискутабилни пенали, кои домаќините не ги реализираа.