Повторно против Пелистер, сега во ПМФЛ

Академија Пандев за релативно крато период, во иста седмица ќе одигра уште еден дуел со Пелистер од Битола, но сега за разлика од средата кога се играше во рамките на Купот на Македонија,  на програмата е средба од ПМФЛ.

Дуелот помеѓу Академија Пандев и Пелистер се игра во рамки на 24. коло од ПМФЛ. Истиот ќе биде одигран денес на стадионот во Турново со почеток од 14:00 часот.

Марјан Маркоски од Охрид како главен судија ќе го води мечот, а нему ќе му помагаат неговиот сограѓанин Жарко Тодоровски како и Симон Градноски од Струга.

Што се однесува до традицијата оваа сезона во дуелите против битолските „зелено-бели“ – вреди да се каже дека имаме две победи во Лигата (3-4 во Битола и 2-0 во Струмица), како и поразот во Купот од пред неколку дена со резултат од 2-1.